Социјалниот центар „Дуња“ втор ден организира акција за вдомување на бездомници

Денеска во просториите на СЦ Дуња во 11 часот ќе се одржи повторно средба на волонтери.Кој е заинтересиран нека пише или нека отиде во СЦ Дуња(ул. Рајко Жинзифов бр 22, спроти градежен факултет).

Волонтерството се сотои од готвење, помагање околу згрижувањето на бездомниците и грижа за нив во центарот.

-Донациите и потребите за овој ден се исти, примарно ни требаат ќебиња и перници (спиење), потоа и донации за храна и прибор, вода, облека (чевли и долен веш), греалки (за топлење), парични донации. Донациите се оставаат во СЦ Дуња од 11 часот денес – се вели во нивниот апел на социјалните мрежи.

Во текот на денот тие ќе залепат постери со основните информации за тоа каде може да се најде центарот .

-Ви благодариме од срце за вашата помош при лоцирањето на бездомниците од претходната вечер. Со неколку стапивме во контакт и денес ќе имаат топол оброк! Исто така ве охрабруваме доколку видите некого информирајте не нас и него за центарот! Денес сме отворени од 11 часот! Пишете порака на СЦ Дуња за информации – се додава во апелот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести