Канадски музеј на восочни фигури ја „упропасти“ Бијонсе

286 Views Јануари 10, 2017 Забава Редакција Емагазин

Еден Музеј на восочни фигури во Канада стекна глобална популарност, поради скулптура кој би требало да ја претставува Бијонсе.

Имено, една посетителка на музејот на Твитер објави фотографија на восочна фигура, која треба да ја претставува Бијонсе, но многумина се согласуваат дека таа не наликува на познатата пејачка.

Оваа фотографија покрена серија расправи на социјалните мрежи, колку восочните фигури во музеите навистина личат на личности кои треба да ги претставуваат.

По фотографијата од кандскиот музеј, на Твитер се појавија повеќе други снимки од восочни фигури на Бијонсе од други изложбени поставки, при што заклучоците најчесто беа дека тие само потсетуваат на пејачката, но не личат на неа.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови