Мрзнат водомери поради ниските температури во Кавадарци

Мрзнат водомери поради ниските температури во Кавадарци. Раководителот на Работната единица за водовод и канализација при Јавното препријатие од овој град, Марјан Прескакулев денеска информираше дека околу седумдесет водомери се пријавени како нефункционални поради студот.

- На замрзнатите водомери им се искршени стаклата и тие не се во функција. Доколку не реагираат навреме, водокорисниците кои имаат вакви дефекти остануваат без вода за пиење, бидејќи водата ја полни шахтата и дворот. Затоа е неопходно ваквите проблеми да се пријават навремено, соопшти Прескакулев.

Тој нагласи дека мрзнат водомери кај дел од водокорисниците кои имаат непрописно направени водомерни шахти.

Екипи на „Комуналец” се на терен и активно работат на отстранување на ваквите дефекти.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови