Општина Центар и ПОЦ спроведуваат акција за згрижување на бездомниците

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар од денеска започнуваат акција за згрижување на бездомните лица во општината.

Директорот на ЈП „ПОЦ“, Саша Богдановиќ и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, најавија дека преноќувалиштето за бездомници ќе функционира за да им се помогне на овие лица за време на екстремно ниските температури.

„Преноќувалиштето ќе работи според стандардните процедури за вакви пунктови од 16 часот попладне, до 10 часот наутро. Обезбедуваме и пакети со храна за вечера и за појадок, како и топли напитоци, ќебиња, тоалети, медицинска нега. Посебни лица ќе се грижат за безбедноста на овие наши граѓани,“ изјави директорот на ЈП „ПОЦ“, Саша Богдановиќ.

ЈП „ПОЦ“ и општина Центар ги повикуваат сите граѓани кои имаат информации за бездомници, да пријават во општината или претпријатието.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови