Бесплатна домашна посета за сите од Биотек

Зимските денови се период на вируси, грипови и зачестени настинки. Како што опаѓаат температурите, така паѓа и човековиот имунитет. Со тоа се јавува и поголема потреба од лекарска консултација, прегледи и различни испитувања. 

Без разлика дали заради лошите временски услови, или немоќ да се напушти домот, многумина одлучуваат да ја одложат лекарската посета која во овој период е неопходна. Токму поради тоа, тимот на Биотек Лабораторија во периодот од 09.01.2017 до 14.01.2017 ќе врши бесплатна домашна посета за сите, со цел да земе материјал за испитување. Понудата важи за територијата на цело Скопје! 

Биотек лабораторијата претставува прва специјалистичка молекуларна, микробиолошка и биохемсика лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема. Се наоѓа на Ул. Аминта Трети 44, 1000 Скопје, Р. Македонија.

За повеќе информации посетете ја Веб страницата  www.bioteklab.com.mk или јавете се на +389 (0) 2 311 2464 /078/492-294. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови