Каде е поевтино да купувате: Во Германија или во Македонија?

1052 Views Јануари 10, 2017 Беспарица Камелија Делија

Лебот, брашното, оризот, млекото, маслото за готвење, алкохолот, козметиката... Сите овие производи се поевтини на германскиот пазар во однос на македонскиот, покажува нашето мало истражување на цените на основните животни продукти во двете земји, анализира Дојче Веле.

Анализата на германскиот Институт ВСИ за трошоците за живот во европските земји која ја објавивме минатата недела предизвика бројни полемики на социјалните мрежи. Во истата се тврдеше дека основните животни производи во Македонија се меѓу најевтините во Европа и дека таквата разлика доведува до тоа едно евро заработено во Германија да вреди двојно повеќе во Македонија.

Како основа ја зедовме содржината на потрошувачката кошничка која, иако веќе не се пресметува ниту од македонскиот Завод за статистика, сепак дава увид во тоа кои производи порано се сметале за „основни".

Нашата анализа укажува дека производите во Македонија не само што не се поевтини, туку се во најмала рака со иста цена или дури и поскапи од богатата Германија.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Извор: Дојче Веле/Фото: ДПА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести