Иако има уште десет дена од мандатот, Обама ја доби првата понуда за работа

270 Views Јануари 10, 2017 Свет Камелија Делија

За помалку од две недели мандатот на актуелниот претседател на САД, Барак Обама ќе заврши и тој ќе отстапи функцијата на Доналд Трамп, кој победи на претседателската трка во ноември.

Обама сепак нема да остане долго без работа, бидејќи првата понуда за работа на 44-тиот претседател на САД веќе е позната. И доаѓа од изненадувачка насока.

Платформата за стриминг на музика Spotify објави на својата веб страница оглас за новоформираната позиција "Претседател на плејлисти". Иако огласот е јавен, барањата кои се спомнуваат во неа, не оставаат сомнеж кон кого е насочена.

Првото барање на потенцијалните кандидати е да имаат "најмалку 8 години работно искуство како лидер на високо почитувана нација". Успешниот кандидат исто така треба да биде запознаен со платформата Spotify, да има искуство во изготвување на тематски плејлисти и да поседува ... Нобеловата награда (Обама ја доби Нобеловата награда за мир во 2009 година).

Шеговитиот оглас доаѓа како одговор на закачка, која Обама ја направи неодамна, во разговор со Наталија Бежежински - извршен директор на фестивалот за технологија, музика и мода Symposium Stockholm.

Во овој разговор Обама рече дека очекува предлог за работа од Spotify, по успехот на неговите летни листи, кој стекна сериозна популарност меѓу корисниците на платформата, потсетува CNBC.

Лично извршниот директор на Spotify Даниел Ек го извести Обама за отворената позиција преку Twitter. "Слушнав дека се интересира за слободна позиција во Spotify. Го виде ли оваа? ", пишува Ек во својот пост до личниот профил на Обама на Twitter.

Претседателот во заминување на САД веќе навести дека ќе остане во Вашингтон, додека најмала ќерка заврши своето образование. Покрај тоа, тој навести за останување во политиката по истекот на неговиот мандат, но којзнае дали не би нашол време за уште листи со добра музика.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови