Забрана за камиони на патот Кочани-Делчево

На патниот правец Кочани-Делчево-граничен премин Делчево од 15:20 часот се воведува забрана за тешки товарни возила, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Поради обилни врнежи од снег од 15:30 часот на патниот правец Виница-Берово и Виница-Кочани е воведена забрана за товарни моторно возила.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила за планинскиот превој Стража во 15:30 часот се укинува.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови