(Фото) Зимска идила во ресторанот „Бакал“

Градината во ресторанот „Бакал“ е убавa и во зимски услови. А атмосферата во ресторанот топла и автентична. Надвор снег, внатре топлина од распалениот камин, ништо поубаво! Зимска идила!

Внатрешноста на ресторанот има преубав амбиент и во зима. И на двата ката, има камини. Амбиентот изоболува со дрво и резба, кои даваат посебна топлина.

„Бакал“ во Брвеница, е над сите стандарди за македонски ресторан во однос на храна, услуга и воопшто квалитет. Место кое пријатно ќе го изненади секој случаен или намерен минувач.

Вработените си ја сакаат работата, барем така изгледаат пред гостите. Насмеани, полетни, со сите сили се трудат да ве услужат и да ви бидат постојано на располагање. Услугата е беспрекорна, бидејќи не даваат ништо да ви недостасува.

Квалитетот на храната  е причина повеќе секој гостин да се врати повторно, за да проба се што е на менито. Секаков избор на месо, похован зеленчук, македонска национална кујна, различни десерти... Има голем избор и понуда, но она што е најважно се е свежо, вкусно и квалитетно. Што и да изберете, нема да погрешите.

Подготвено квалитетно, сервирано врвно, а услужено со мерак. Всушност, во Бакал се се прави со мерак. Како гостите, така и персоналот.

Тука се произведува леб кој е без адитиви, а месото е свежо печено, подготвено на специфичен начин. На менито има голем број на оригинални јадења како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, тартар бифтек,  има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, и многу повеќе, за секого по нешто.

Ресторанот работи секој ден, цените се навистина пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.

На пролет бавчата е со езерце, мовчиња, летниковци поткренати над водата, мал водопад покрај кој има засадено лаванда.

Ресторанот Бакал се наоѓа во тетовското село Брвеница, оддалечено 15 минути од Скопје, далеку од градскиот метеж со прекрасно уреден двор кој плени со својата убавина.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови