Боки Јовановски, уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Додека институциите допрва се организираат да им помогнат на бездомниците по скопските улици, тој му помогна на чичко Свето.
„Ова е истиот оној чичко Свето од вчера, само денеска е дотеран, избричен, ошишан, среден во нова гардероба! Господин Свето се всели во топлиот стан во населбата Карпош во близина на неговите миленчиња за кои и понатаму ќе се грижи! Чичко Свето никогаш повеќе нема да мрзне ниту да сладува! Тој е прекрасен човек, полн со приказни, образуван, културен...мил.“, напиша Јовановски на својот Фејсбук профил.