(ВИДЕО) Давид од Кратово ќе патува на операција во Виена - граѓаните ги собраа неопходните средства

Првиот дел од битката за живот на Давид Стојановски од Кратово е добиен, објави телевизијата Сител.

Тринаесетгодишното момче кое боледува од карцином на коска и бели дробови, на 18 јануари со своите родители ќе замине за Виена. Потребните 54.000 евра за операција кај познатиот хирург д-р Коц се речиси собрани.

Хуманите граѓани од земјава и од странство до овој момент донираа 23.000 евра на банкарската сметка на Давид. На донаторскиот број на Т-Мобиле се собраа 20.000 евра, а мобилниот оператор ВИП сеуште не ја соопштил собраната сума.

Најголемата помош за лекувањето на Давид стигна од компанијата „Силекс“, која донираше 5.000 евра. Петстотини евра донираше градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, а на иницијатива на фудбалскиот работник Добре Иванов, Фудбалската федерација на Македонија обезбеди 1.000 евра.

Извор: ТВ Сител/Фото: aberdzija.com/Видео: ТВ Сител

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови