Митот за просечната плата: Дури 43 отсто од вработените живеат со помалку од 12.000 денари месечно

4141 Views Јануари 11, 2017 Беспарица Никола Осило

За десет години просечната плата во Македонија пораснала за 66 отсто и сега изнесува околу 22.460 денари. Сепак, ваквиот пораст се должи најмногу на порастот на платите во администрацијата додека во повеќето останати сектори работниците можат само да сонуваат за просекот.

Имено, половина од вработените во земјава земаат плата од 12.000-25.000 денари. Само 8 отсто заработуваат повеќе од 25.000 денари месечно, а дури 43 отсто од вработените се обидуваат да преживеат со месечна плата која е помала од 12.000 денари

Само 19 отсто од вреботените во земјава земаат плата повисока од 20.000 денари, 42 отсто земаат плата меѓу 10.000 и 16.000 денари, а 22,5 отсто преживуват со плата помала од 10.000 денари. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!