Почнува Светското првенство во Франција: Ќе и донесат ли ракометарите радост на Македонија

715 Views Јануари 11, 2017 Спорт Никола Осило

Денеска во Франција почнува Светското првенство во ракомет 2017 година, на кое улествува и репрезентацијата на Македонија. Нашиот тим се најде во Групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола, а првиот натпревар ќе го има уште утре против Тунис.

Најдобропласираните четири репрезентации од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето.

Распоред по групи:

Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка

Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола

Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија

Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина

Македонија натпреварите ќе ги игра во градот Мец во следните термини:

12.01.2017 (17:45) Македонија – Тунис

14.01.2017 (20:45) Македонија – Ангола

16.01.2017 (17:45) Македонија – Словенија

18.01.2017 (20:45) Македонија – Шпанија

19.01.2017 (17:45) Македонија – Исланд

МИА/Фото:Македонски олипмиски комитет

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!