(Видео) Моќен проштален говор на Обама: Демокаријата ни е на испит

341 Views Јануари 11, 2017 Свет Камелија Делија

Американскиот претседател Барак Обама нагласи синоќа во прошталниот говор во Чикаго дека САД “е подобра и посилна држава“ отколку пред осум години кога тој ја презел функцијата и ги повика сонародниците да ја зачуваат демократијата.

– Нашата демократија е под закана секогаш кога ја прифаќаме здравоз а готово, потенцира 55-годишниот претседател демократ кој за неколку дена ќе ја предаде функцијата на новоизбраниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп.

Според Обама, меѓурасните односи се многу подобри отколку пред 30 години, но се уште „не сме таму каде треба да бидеме“.

САД имаат голем потенцијал, „но тој може да биде реализиран само ако демократијата ни е во функција...само ако сите ние независно од која партија сме, го носиме чувството за заедничка цел од која имаме потреба точно во овој момент“.

Обама е 44 американски претседател.

Говорот го заврши со тогашниот слоган Yes, we can (Да ние можеме) со изменетиот - Yes, we did it (Да, го направивме тоа).

Новоизбраниот претседател Трамп официјални ја презема функцијата на 20 јануари. За денеска се очекува негова прва прес конференција.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!