Хрватски Телеком купи мнозински удел од Телеком Црна Гора за 123,5 милиони евра

213 Views Јануари 11, 2017 Балкан Камелија Делија

 „Хрватскиот Телеком“ (ХТ) објави дека потпишал договор за купување на 76,53 отсто од акциите на „Телекомот на Црна Гора“ за сума од 123,5 милиони евра, со што го презема мнозинскиот удел во управувањето на најголемиот црногорски телекомуникациски оператор.

Мнозинскиот удел во црногорскиот телеком, ХТ го откупи од „Маѓар Телеком“, кој исто така е член на групцијаата „Дојче Телеком“. Целосното завршување на трансакцијата се очекува до крајот на јануари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!