Во Skopje City Mall е поставен пункт за собирање на донации за бездомниците

Во Skopje City Mall е поставен пункт за собирање на донации за бездомниците, на кои периодов поради ниските температури им е потребна дополнителна заштита и помош.

Собраните донации на дневна основа ќе се предаваат во прифатниот центар за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин поток.

Пунктот ќе  функционира од 10 до 22 часот.

Листа на потребни работи:

- чизми

- топла облека

- јакни и капути

- зимски чорапи

- џемпери и блузи

-шалови и ракавици

Пунктот е лоциран на инфопултот на Skopje City Mall на самиот влез од страната на ул.М.А.Н.А.П.О. (Карпош 3). За повеќе информации обратете се на 02 3217 012 или на 070 281 319.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови