Затворен стечајот за ОХИС, имотот на загубарот ќе се продава

1230 Views Јануари 11, 2017 Бизнис Камелија Делија

Десет месеци откако беше отворен, стечајот за АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски Борче, односно фабриката ОХИС, постапката се затвара. Основниот суд Скопје 2 донесе одлука за затварање на стечајот и продажба на имотот на загубарот.

- Со Решение IV СТ-124/16 од 05.12.2016 година на Основен суд Скопје 2 Скопје, се констатира дека собранието на доверители на стечајниот должник АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски-Борче Скопје-во стечај , донесе одлука деловниот потфат на должникот да биде затворен и имотот да се впаричи, се вели во соопштението од Централниот регистар

Стечајот за ОХИС беше отворен во март минатата година, откако скоро две децении фирмата работеше со загуби.

Вработените неколку пати изминатата година протестираа и бараа од државата да го продаде имотот на ОХИС и да им ги исплати платите на вработените.

Владата направи 13 неуспешни обиди да го продаде ОХИС.

Фото: Фармахем

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови