Промена во менаџментот кај американски Амфенол: Фабриката во Кочани доби нов директор

183 Views Јануари 11, 2017 Бизнис Камелија Делија

Дитрих Ермантраут од Германија е новиот управител на Друштво за производство, трговија и услуги Амфенол Технолоџи Македонија Кочани. На оваа позиција на фирмата на американскиот инвеститор во Македонија досега беше Џон Винсент Тренор од Детроит, САД.

Американски Амфенол во 2014 година отвори фабрика за производство на автомобилски делови во Кочани.

За две години компанијата изгради две фабрики односно три призводствени погони во Кочани, а пред неколку месеци започна и со изградба на трета фабрика во Македонија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!