Затворен почесниот конзулат на Јапонија во Скопје

Со Известување на Министерство за надворешни работи од 05.01.2017 година почесниот Генерален Конзулат на Јапонија Скопје престанува со постоење, објави Централниот регистар на Македонија. 

Во април годинава на средба на министерот за надворешни работи Никола Попоски со амбасадорот на Јапонија за Република Македонија со седиште во Виена, Макото Такетоши беше најавено отварање на Амбасада на Јапонија во Македонија.

Според најавите Амбасадата во Скопје треба да биде отворена до крајот на месец јануари 2017 година.
Македонија во мај 2013 ја отвори својата Амбасада во Токио, а во 2014 година беше упатен првиот резидентен амбасадор на РМ во Јапонија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.