Готвачи, келнери, собарки: Австрија бара триесет илјади работници за зимската туристичка сезона

325 Views Јануари 11, 2017 Свет Камелија Делија

Австрија бара дури триесет илјади работници за да ја помине престојната зимска туристичка сезона. Особено е погодно за оние кои знаат да зборуваат германски јазик.

Најмногу се бараат готвачи, келнери и собарки. Познавањето на германскиот јазик е важен заради постојаниот контакт со гостите, а за готвачите се потребни стручни квалификации – препораки и искуство.

Луѓето лесно дознаваат за ваквите прилики, бидејќи покрената е и активно работи и „Facebook" страницата, а огромен број на заинтересирани лица се јавуваат од Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

Работодавачите го обезбедуваат сместувањето за работниците и храната, па трошоците се минимални.

Платата на готвачот зависи од многу фактори: колективниот договор, работните часови, ноќната работа, работата за време на празници. Платите се движат од 1.400 до 1.850 евра, а келнерите и слугинките во просек се платени по 1.350 евра.

Во Салзбург, Тирол и Воралберг се бараат од 3.000 до 3.500 угостителски работници. Единствена препрека е работната дозвола, но ако работодавачот е заинтересиран да го вработи работникот, тогаш работната дозвола се вади за три недели.

Според некои информации, пазарот на работна сила во Австрија за странски работници ќе биде отворен до 2020 година.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!