Околу 70 камиони заглавени на Евзони, чекаат влез во Грција

Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција на преминот Евзони. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска не им е дозволено да ја преминат границата.

Како што соопшти МВР, утринава е остварен контакт меѓу раководителот на смена на Полициската станица на граничниот премин Богородица  со раководителот на смена на граничниот премин Евзони во врска со застојот.

- Од страна на грчките полициски службеници е добиено известување дека од 2:00 часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, стои во соопштението од МВР. 

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.