Уставниот суд ќе ја разгледува уставноста на именувањето на Чавков и Мисајловски за министри во Владата на Никола Груевски

Уставниот суд на седницата закажана за 18.01.2017 година ќе ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за избор на членови на Владата на Република Македонија, донесена од Собранието на Република Македонија на 13 мај 2015 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/2015) и Одлуката за избор на членови на Владата на Република Македонија, донесена од Собранието на Република Македонија на 18 мај 2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2016).

Станува збор за седницата на Собранието на која за нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски беа поставени Митко Чавков и Владо Мисајловски.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови