Вклучете се: Акција за изработка привремени засолништа за бездомни животни

На иницијатива на нашата хумана сограѓанка и активист за права на животните, Адриана Попович утре ќе се одржи акција за обезбедување/правење привремени засолништа за бездомни животни.

„Екстремно ниските температури негативно влијаат на луѓето, но се фатални кај уличните животинки. Ние не зависиме од нив, но тие целосно зависат од нас.

Секојдневно гледаме слики и објави за кучиња и мачиња кои се надвор и се борат за живот, но за жал ретко кој реагира повеќе од лајк, коментар или share“, велат организаторите.

План на активности:

• Од 17:00 до 18:00 во Јавна Соба се изработуваат куќарки од стиропор и слама (линк со инструкции наскоро) –Само за ограничен број на луѓе поради капацитетот на канцеларијата, останатите можат да ги остават донациите на истото место.

• Од 18:00 поставување на куќарките на различни локации низ градот (мапа наскоро)

Како може да помогнете:

• Со донирање на Анима Мунди:

Денарска сметка: 240090002006130 Депонент: Уни Банка АД – Скопје со назнака „ЗА ТОПОЛ ДОМ“

• Кутија со донации во Public Room од 17-18:00 (Средствата ќе се користат за подметачи, храна и основни намирници за оние кои веќе згрижиле или ќе згрижат животинче, макар и привремено од студов)

• Превоз од Јавна соба на одредена локација (по договор)

• Со храна за кучиња, слама, ќебенце/материјали.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ФОТО) Скопските кафулиња ги отворија вратите за смрзнатите кучиња и мачиња

(Фото) Што можеме да научиме од Истанбул за да ги заштититме животните на студот

Како да им помогнеме на птиците да го преживеат студеното време

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови