Српското обвинителство нареди проширување на истрагата против Рамуш Харадинај

Обвинителството за воени злосторства достави денеска до Министерството за правда на Србија наредба за проширување на истрагата против Рамуш Харадинај со нови докази.

Тие до крајот на неделата ќе бидат преведени и проследени во Франција за одлуката за барањето на Србија за екстрадирање на Харадинај, јави Танјуг.

Министерството за правда вчера испрати барање до Франција за екстрадирање на Харадинај со документи од истрагата за злосторства за кои се сомничи, а која е покрената во 2004 година.

Наредбата за проширување на истрагата се однесува за дела кои не се опфатени со истрагата против Харадинај што се водеше од 2004 година врз основа на која е распишана и потерницата против него.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.