Светска банка ја намали проекцијата: Македонската економија годинава ќе порасне за 3,3%

381 Views Јануари 11, 2017 Бизнис Камелија Делија

Светска банка прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,3%, покажува последниот извештај на меѓународната институција за проекциите на глобалната економија за 2017 година.

Проекциите за растот на БДП на нашата земја се намалени за 0,7% споредено со јунскиот извештај на банката, како резултат на негативното влијание на политичката криза врз бизнисот.

Според проекциите на Светска банка, македонската економија во 2018 година се очекува да порасне за 3,7%, што е намалување за 0,3% споредено со јунските проекции, додека за 2019 година е проектиран раст од 4%.

За 2016 година Светска банка останува на проекциите за раст на македонската економија од 2,2%.
Главен двигател за македонската економија според извештајот ќе останат потрошувачката, поддржана од вработувањата и повисоките јавни плати и трансфери.

Невработеноста породолжи да се намалува, главно од мерките за отварање на нови работни места.

Прогнозата за економиите на земјите од Западен балкан се дека во 2017 година растот ќе изнесува 3,2%, во 2018 година за 3,6%, а во 2019 година 3,7%.

Светска банка предвидува умерен раст на светската економија во 2017 година - за 2,7% во однос на 2,3% минатата година. Благото зајакнување на светската економијата ќе биде стимулирана главно од подобрувањето на брзорастечките пазари и економиите во развој. 

Таа сепак предупредува дека големи предизвици следната година ќе биде несигурноста по претседателските избори во САД,  како и излезот на Британија од Европската унија.

Извештајот наведува дека има голема несигурност за тоа какви политики ќе прифати администрацијата на Трамп.

Економистите на СБ очекуваат забавувањето на растот во две големи брзорастечки економии - Бразил и Русија, да заврши.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!