Забранет влез за камиони и автобуси во Грција поради снежните врнежи

Сообраќајот по државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Од АМСМ велат дека поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и автобуси во Грција.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово – Дебар.

Снег со слаб интензитет провејува во Делчево, Крива Паланка и Маврово. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови