Трамп ја одржа првата прес-конференција како новоизбран претседател на САД

176 Views Јануари 11, 2017 Свет Редакција Емагазин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска во Њујорк ја одржа првата прес-конференција.

Првото прашање на кое одговори беше за скандалот околу наводнотo хакирање, а Трамп изјави дека „позади тоа стои Русија, но учествувале и други поединци и земји“.

Трамп истакна дека разузнавачките агенции се многу важни и затоа ќе бидат вработени нови лица. Потенцираше дека за 90 дена ќе има извештај за хакирањето со цел да се запре таквиот нов феномен.

На прашањето за неговиот однос со Русија, Трамп наведе дека „доколку на Путин му се допаѓа Трамп тогаш тоа е предност“ и дека со него како претседател, Русија многу повеќе ќе ги почитуваат Соединетите Американски Држави.

Трамп на прес-конференцијата  повтори дека зголемените даноците за бизнисите надвор од границата ќе останат и ќе бидат спроведени, но и дека ѕидот со Мексико дефинитивно ќе биде подигнат.

- Го почитувам Мексико, претставниците и народот. Не ги обвинувам нив што ги искористија САД, но ѕидот мораме да го подигнеме. Се спроведува план за собирање пари за реализација, но штом ќе го средиме тоа, ќе подигнеме ѕид кон таа земја - изјави меѓудругото Трамп.

Трамп исто така најави дека неговиот приватен бизнис ќе им го препушти на неговите синови и дека тој целосно ќе се повлече.

Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови