Иако почина пред 17 дена, легендарниот пејач Џорџ Мајкл се уште не е погребан

1539 Views Јануари 11, 2017 Забава Редакција Емагазин

Таткото на Џорџ Мајкл, Кирјакос Панајоту кој веќе го организираше погребот, е очаен бидејќи полицијата не сака да го предаде телото додека токсиколошките наоди не бидат готови, што се коси со нивната вера, дека телото мора да биде кремирано најдоцна седум дена после смртта, пишуваат британските медиуми.

Погребот, најрано може да биде организиран кон крајот на јануари, а може да се пролонгира и до февруари.

Телото на Џорџ Мајкл се наоѓа на патологија. Првите наоди не ја покажаа точната причина за смртта, па затоа полицијата побара да се направат дополнителни токсиоколошки анализи. Се додека не се завршат,  полицијата не сака да го предаде телото на пејачот на семејството.

Овие испитувања можат да потраат и неколку недели.

Покрај тоа, случајот го презела и криминалистичката полиција. Постои сомневање дека Мајкл се предозирал, а на фотографите кои се нашле во близина на неговиот дом, им било наредено во полиција да ги предадат сите снимки за точно да се утврди кој бил во неговиот дом.

Засега под истрага е и партнерот на пејачот Фади Фаваз, кој го пронајде телото на Џорџ Мајкл.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови