(ВИДЕО) ИК на ВМРО-ДПМНЕ му даде легитимитет на Груевски за отпочнување преговори за нова влада

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа му даде полн легитимитет на претседателот Никола Груевски за отпочнување разговори за состав на новата влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси, информираат од партијата.

“Во анализата на изборните резултати, беше заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија чие раководство функционира според мафијашки принципи.

Беше посочено дека е потребна политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните„, велат од партијата.

Видео/фото: ВМРО ДПМНЕ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови