Меланија Трамп го зголеми бројот на туристи во Словенија

751 Views Јануари 12, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Словенија доживува вистински туристички бум благодарение  на сопругата на новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп, Словенката Меланија Трамп.

Мината година Словенија, која има околу два милиона жители, ја посетиле над три милиони туристи. Само бројот на американски туристи во Словенија во првите девет месеци лани пораснал за 11 отсто.

Според податоците на Туристичката организација на Словенија, се очекува и 2017 година да биде рекордна во словенечкиот туризам, бидејќи во 10 месеци ланската година бележи и раст на бројот на странски туристи и раст на ноќевања за околу 10 отсто.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови