Јапонија отвори амбасада во Македонија

Од 1 јануари во Македонија за прв пат во земјава почна со работа Амбасада на Јапонија, дознава еМагазин. Според нашите информации во текот на следниот период треба да пристигне и првиот јапонски амбасадор во Македонија, а моментално се завршуваат административни процедури.

Како што вчера објави еМагазин, со известување на Министерство за надворешни работи од 05.01.2017 година почесниот Генерален Конзулат на Јапонија Скопје престанува со постоење. 

Македонија во мај 2013 ја отвори својата Амбасада во Токио, а во 2014 година беше упатен првиот резидентен амбасадор на РМ во Јапонија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови