Патиштата проодни, се уште забранет влез за камиони и автобуси во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од снег на коловозите, по интервенција на екипите од „Македонија пат“.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар, каде за останатите возила задолжително е користење на зимска опрема.

Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и автобуси во Република Грција.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!