Отворена стечајна постапка за кумановската циглана

495 Views Јануари 12, 2017 Бизнис Камелија Делија

Сe отвара стечајна постапка над должникот Акционерско друштво Керамичка индустрија КИК Куманово која работи на производство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништво, стои во објава на Централниот регистар на Македонија.

За стечаен управник се именува стечајниот управник Зоран Денковски од Куманово предложен од предлагачот Министерство за финансии и Управата за јавни приходи Регионална дирекција Штип.
Стечајната постапка е отворена на ден 26.12.2016 година.

Во објавата на Централниот регистар се повикуваат доверителите во рок од 15 дена од објавување на решението во Службен весник да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник Зоран Денковски.

Се повикуваат доверителите во рок од 15 дена да ги пријават кај стечајниот управник своите различни права на подвижните предмети и правата на должникот, како и различните права на недвижностите на должникот што не се запишани во јавните книги, односно различните права на недвижностите што се запишани во јавните книги.

Доверителите се должни да ги пријават и своите различни права на подвижни предмети и на правата на должникот што се запишани во регистрите во кои тие предмети, односно права се запишани.

Во пријавата мора да се означат предметот над кој постои разлачното право, начинот и основата на засновање на тоа право, како и средствата за обезбедување на побарувањата.

Доверителите кои не поднеле пријава за одвоено намирување во определениот рок не го губат правото на одвоено намирување од предметот на разлачното право во стечајната постапка.

„Се повикуваат должниците на стечајниот должник да ги исполнат своите обврски што ги имаат спрема должникот, на стечајниот управник.

Се закажува рочиште за испитување на побарувањата (испитно рочиште) на ден 20.02.2017 година во 10,30 часот и собрание на доверители (извештајно собрание) на ден 20.02.2017 година во 11,00 часот на кое, врз основа на извештајот на стечајниот управник, ке се одлучува за натамошниот тек на постапката, во канцеларија бр. 36 во Основниот суд Куманово“, стои во објавата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!