Венецуела има најевтин бензин, а Хонг Конг најскап, каде е Македонија?

1687 Views Јануари 12, 2017 Беспарица Камелија Делија

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС 95 изнесува 67 денари или околу 1,16 долари, а на Еуросупер БС-98 69 денари за литар или 1,19 долари. Еуродизел чини 53,5 околу 0,95 долари а екстра лесното масло за домаќинство 42 денари за литар.

На Балканот бензинот е поевтин единствено во Босна и Херцеговина - 1,02 долари.

Најевтиниот бензин во светот е во Венецуела - 0,01 долари за литар.

Иако има економскиот колапс во латиноамериканската земја, владата продолжува да вложува напори да го субвенционира користењето на горивото.

Следните четири држави со најевтина нафта се исто така големи производители од Централна Азија, Северна Африка и Блискиот Исток. 

Во Саудиска Арабија се плаќа 0,24 долари за литар бензин, во Туркменистан – 0,29 долари, во Алжир - 0,32 долари, а во Египет - 0,35 долари.

Најскап е бензинот во Хонг Конг - 1,93 долари, или околу 200 пати повеќе од цената во Венецуела.Причината се високите даноци, високата цена на имотите и другите оперативни трошоци.

На второ место е Норвешка со 1,86 долари. Изненадувачки е дека таа е меѓу најголемите производители и извозници на нафта во светот, но нордиската држава има строга политика за поддршка на животната средина која стимулира користењето на градскиот транспорт.

Поради тоа властите имаат воведено серија од даноци, кои го прават многу скапо возењето на приватен автомобил. Приходите од извозот на нафта одат во Норвешкиот суверен фонд, кој цели да ја диверзификува економијата на земјата, за да е подготвена за денот кога нафтените резерви се исцрпат.

Третото место за најскапа нафта во светот е за Исланд со 1,75 долари, а изненадувачки четвртото место го држи Грција со 1,65 долари, и покрај финансиската криза во земјата. Нашиот јужен сосед беше подложен на притисок од кредиторите да ги зголеми значително даноците за да ги поправи јавните финансии.

Грција го дели четвртото место со Холандија, Монако и Израел, кои исто така плаќаат 1,65 долари за литар бензин.

Данска, Италија и Шведска ја дополнуваат топ 10  листата односно со 1,63, 1,62 и 1,58 долари за литар бензин. 

Во Турција и Словенија бензин чини 1,38 долари, во Хрватска - 1,37 долари, во Албанија – 1,35 долари, во Србија и Романија – 1,18 долари, а во Македонија – 1,15 долари, покажуваат податоците на GlobalPetrolPrices.com.

Во светот има 18 земји во кои цената на бензинот е до 0.53 долари за литар.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!