(Фото/Видео) Ѕирнете во домот на Марк Закерберг

443 Views Јануари 12, 2017 Забава Камелија Делија

Основачот на најголемата социјална мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, во последно време сѐ повеќе и дозволува на јавноста да ѕирне во неговиот приватен живот, кој претходно го држеше далеку од љубопитните очи.

Закерберг е еден од најбогатите луѓе на светот, па многумина претпоставуваат дека живее во безобразен луксуз во многусобна вила полна со работи кои „обичните смртници“ не можат да си ги дозволат.

Да, точно е дека Марк живее во убава вила, но ни приближно голема како што некои си замислуваат, ниту пак безобразно луксузна во ентериерот.

Пред неколку недели на интернет беше објавено видео на кое Марк (поточно гласот на Морган Фримен) врз примерот од домот на Закерберг објаснува како функционира неговиот најнов изум, вештачката интелигенција во форма на „паметна куќа“, Jarvis.

Во куќата, која се наоѓа во Пало Алто, владе минимализам, а Марк и Присила ја купија за 7 милиони долари.

Откако се вселија во неа, не менуваа баш ништо. Наместо да станат робови на парите и потрошувачкиот менталитет, обременувајќи го домот со работи кои никогаш нема да им бидат потребни, тие решија со парите да им помагаат на сиромашните и да дејствуваат хуманитарно.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови