(Фото+Видео) Parfois пролет/Лето 2017: Nowhere…can be somewhere

2880 Views Јануари 12, 2017 Е-излог Редакција Емагазин

Како контраст на концептот од претходната колекција “Home is”, Parfois овојпат нè предизвикува да излеземе од комфорната зона и да ја прифатиме промената, која е секогаш тука некаде, блиску до нас. 

PARFOIS ја претставува новата колекција за сезона пролет/лето 2017 со кампања базирана на идејата дека од ништо може да настане сè и дека неограничените можности секогаш постојат.

Колекцијата црпи инспирација од природата со комбинација на минималистички и романтични предлози за новата сезона.

Италијанскиот модел Кјара Келси има централно место во кампањата фотографирана од страна на аргентинскиот фотограф Родриго Кармуега. Локацијата е огромен, празен базен, изграден во 1942 година, блиску до плажата во северна Португалија.

Сетингот на кампањата е парадоксална средина што постои само во нашата имагинација, нè носи во светот на соништата, на место кое во исто време е симболично и реално. 

Инспирирана од 50-тите, 60-тите и 70-тите со фокус на јаките и неонските бои, тексасот, карираните материјали, мотиви со природа и животни колекцијата ја сочинува палета на бои, која нè води во топлите денови на летото.

Таа се издвојува по употребата на разновидни материјали, металик детали, вез и тантела, но и летни, природни материјали како трска и рафиа. Дополнително, за новата сезона PARFOIS претставува специјална колекција накит од сребро. 

Колекцијата за пролет/лето е создадена за слободоумни жени, подготвени за авантури, жени кои го живеат и уживаат во секој момент, жени кои ги прифаќааt промените и кои се секогаш подготвени за неочекуваното.

Вистинска декларација на независноста која зависи од секоја од нас. Бидејќи магијата може да се случи секаде, со секого, во секое време и незначајното да стане извонредно. 

 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови