Отворен за камиони преминот „Евзони“, на „Дојрани“ се уште трае забраната

Грчките погранични органи на граничниот премин „Евзони“ утрово од 9:30 часот почнаа да ги пропуштаат тешките товарни возила кои чекаа за влез во Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во моментов се уште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 товарни моторни возила кои чекаат за влез во Грција.

Од МВР информираат дека на граничниот премин „Дојрани“ се уште трае забраната за влез на товарни возила во Грција.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови