Британците ќе наплаќаат такса од 1.000 фунти за секој работник од ЕУ?

1994 Views Јануари 13, 2017 Бенчмарк Камелија Делија

Британската влада разгледува воведување на такса од 1.000 фунти за секој работник од ЕУ, кој ќе го вработат британските работодавци по излезот на Велика Британија од Унијата.

Британскиот министер за емиграција Роберт Гудвил пред Горниот дом на британскиот Парламент рече дека се разгледува воведување на такса на работниците од ЕУ.

Гудвил рече дека ќе има програми со кои ќе се дозволи работниците во земјоделството да добиваат краткорочни, сезонски договори за работа во Велика Британија.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.