Рајот е на Белизе: Изнајмете пуст остров за 495 долари од вечер

Дали негогаш сте сонувале да сте сами на одмор на пуст остров, кој Ви е целосно на располагање? Е, сега ја имате оваа можност благодарение на Airbnb.

Закупот на птичјиот остров - Атол, лоциран крај брегот на Пласенија во Белизе, ќе ве чини 495 долари на вечер, со минимум престој од три ноќи, посочува T + L.

На островот може да се сместат четири лица, бидејки во куќата има три спални и четири кревети.

Закупот исто така вклучува:

-Една од најдобрите зони за нуркањето и риболов во Белизе

-Кујна за подготовка на островски пикник

-Превоз од и до островот од Пласенсија

-Два кајака

-Локален телефон и Wi-Fi

-Набљудувачка кула и тераса за сончање.

Пласенсија е на 20 минути од островот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести