Социјалните мрежи се важни за компаниите: Како да привлечете повеќе Фејсбук фанови на бизнис страница

390 Views Февруари 1, 2017 Office Камелија Делија

Дали некогаш сте се прашувале како да ги привлечете вистинските фанови на вашата Фејсбук страница?

Пред извесно време беше доста полесно, но сега рекламните трошоци постојано се зголемуваат, а Вие сакате да бидете сигурни дека ќе ги избегнете лажните фанови или оние кои не комуницираат со вашиот бизнис.

Значи кои се вистинските чекори во оваа насока, кои треба да ги преземете за да се зголемат посетителите на вашата бизнис страница на Фејсбук?

Како да се привлечете повеќе фанови на Фејсбук - накратко:

1. Пополнете ги сите достапни информации за бизнис во делот About.

2. Поканете пријатели да станат дел од страницата (препораката ни е да ги изберете рачно. Поканете ги само на оние кои мислите дека ќе имаат интерес).

3. Популаризирајте го Фејсбук бизнис профил преку другите социјални мрежи како: Twitter, Google +, меил, Instagram. итн.

4. Користете social plugins, преку кои ќе го вградите Фејсбук фан боксот во сајт.

5. Користете ја Фејсбук рекламата, за да се промовираат активностите меѓу целната публика. 

6. Вградете Like копче на видно место во сајтот - може и преку PopUp.

Заклучок

Ако вашиот бизнис не располага со Фејсбук страница, дефинитивно треба да размислите за создавање на таква. Тоа е современиот главен начин да го направите познат вашиот бизнис.

Важно е сепак и како гледате на овој рекламен канал, бидејќи Фејсбук е токму тоа - рекламна платформа (исто како ТВ и радио), со која може да се постигне голема ефикасност на рекламата што се однесува до односот цена / перформанси.

Значи започнете со апликацијата на чекорите што ги видовте погоре и брзо ќе дојдете до нови вистински фанови, без да трошите којзнае колку средства.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!