Веќе одбравте дестинација: Како да заштедите пари за одмор?

817 Views Февруари 1, 2017 Беспарица Камелија Делија

Постојат повеќе начини да заштедите пари за солиден годишен одмор. Ако Ви е тешко да заштедите, најдете дополнителна работа и со екстра заработката ќе си дозволите одмор. 

Кусурот тргајте го настрана и овие пари можете да ги користите за јадење и за ресторани. 

Најдоброто нешто што можете да го направите е да отворите посебна сметка за заштеда. Потоа автоматизирајте го процесот на собирање на пари. Оваа сметка ќе Ви служи не само за летниот одмор, туку и за други работи. 

Почнете да издвојувате пари, макар била тоа мала сума и следете промоции за одмори за да ја изберете она што најмногу Ви одговара. 

Резервирајте си хотел или апартман порано. Колку порано резервирате, толку поголем избор имате на поевтини хотели, а и повеќе попусти. Ако барате хотел еден месец пред да тргнете, сметајте дека сите хотели се веќе резервирани, па бирате од тоа што останало, а попустите поминале.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести