Лидерите за жалење: Ни Груевски, ни Заев немаат куќа, Ахмети без автомобил

9453 Views Февруари 2, 2017 Мој став Петре Димитров

И покрај тоа што со месеци од разни страни слушаме дека во Македонија многу работи повеќе нема да бидат исти и дека доаѓаат вистински промени, по се изгледа кога е во прашање имотната состојба на политичарите, ништо не се менува, ниту пак ќе се смени.

Лидерите на најголемите политички партии, заедно со сите други новоизбрани пратеници деновиве доставија анкетни листови со кои уште еднаш покажаа дека за нив тоа е чиста формалност, а не сериозна обврска за отчетност пред народот на кој многу често се повикуваат.

Излезе дека лидерите на најголемите партии, Никола Груевски и Зоран Заев, по толку години во политика, а вториот и во бизнисот не се спечалиле ни за сопствен автомобил, а камоли за куќа или стан, нешто што им успева по многу потежок пат и со многу мака на многу семејства низ земјата.

Нивниот колега Али Ахмети пак има куќа, но нема автомобил, а лидерот на Беса, Биљал Касами, исто како Груевски и Заев, е без куќа и автомобил на свое име.

Кога лидерите на водечките партии во земјава толку ношалантно на јавноста и ја сопштуваат својата имотна состојба и очекуваат од истата да им верува, се поставува прашањето колку таа обврска сериозно ќе ја сфатат другите функционери и каков пример им даваат на нив како лидери.

Медиумите последниве години во многу наврати пишуваа дека сите овие политички ликови (рака на срце со исклучок на Касами, кој е нов во „играва„) вредат многу повеќе и дека нивната имотна состојба е значително променета откако влегоа во политиката.

Така што Државната комисија за спречување на корупцијата има и тоа како доволен материјал сериозно да истражи како се збогатиле овие лидери, но и многу други функционери.

За да и ја олесниме работата на Антикорупциска и предлагаме и да провери колку во изминативе години се зголемил имот на родителите и на блиските семејства на функционерите.

Ако сакаме промени, еве можеме да почнеме со вакви.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот поседува: Никола Груевски има 33 уметнички слки, а нема недвижнини

Каков имот пријавил: Зоран Заев без куќа и автомобил

Каков имот пријавил: Ахмети има куќа, ама нема автомобил

Што имот пријавил: Лидерот на Беса без куќа и автомобил

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.