Како да започнете бизнис дури и да немате пари

1311 Views Февруари 2, 2017 Беспарица Камелија Делија

Многу млади луѓе имаат одлични бизнис идеи, но не и средства за нивна реализација. Тоа сепак не значи дека треба да се откажат од својот сон. Од „Entrepreneur“ советуваат како можете да стартувате компанија и со малку пари.

Побарајте бесплатни совети

Распрашајте се дали меѓу пријателите има луѓе кои можат да ви дадат бизнис насоки. А, можеби и тие имаат познаници кои ќе ве насочат. Направете и темелно истражување на интернет за сферата во која сакате вашата компанија да се развива. Има сајтови или одделни специјалисти, кои од време на време нудат бесплатни консултации.

Најдете бизнис ангел

Бизнис ангелот обично е инвеститор, претприемач или бизнисмен кој инвестира средства во идеите на други луѓе. Доклку се распрашате малку повеќе, сигурно ќе најдете таква личност. Идеалната варијанта би бил да најдете ментор, кој не само што ве спонзорира, а и ќе ве советува како да се развиете.

Започнете со опрема од втора рака

Или едноставно најмете таква додека не дојдете до можност да купите сопствена. Може да побарате други компании во сферата или барем слични на кои им се наоѓа стара техника која им треба. Решението е привремено, но ќе ви помогне да ги извршувате привремено работите.

Финансирајте една активност преку друга

Нема како да се посветите целосно на вашата бизнис идеја? Не грижете се. Зачувајте ја досегашната работа или најдете си други барем привремено. Направете проценка на парите и секој месец одделете некој износ за развој на вашиот бизнис. Штом еднаш тргне, заминете и почнете да се занимавате само со него.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!