Променете ги малку навиките: Трикови како да заштедите 100 евра месечно

2892 Views Февруари 3, 2017 Беспарица Камелија Делија

Со три едноставни и реални трикови секој месец можете да штедите по 100 евра. 

Оставете ги цигарите 

Ако се откажете од цигарите ќе заштедите месечно и до 3.000 денари, а плус ќе имате бенефит за вашето здравје. 

Автомобил возете само за викенди

На работа одете со јавен превоз или само повремено одете до работа со вашиот автомобил. На тој начин ќе заштедите. 

Внимавајте кога, што и колку јадете 

Ако си носите храна од дома и не купувате на работа, тогаш месечно можете да заштедите по 1.500 денари. 

Ако овие совети ги следите, за 6 месеци можете да имате и по 600 евра настрана и ќе можете да отпатувате некаде или да си дозволите некое друго задоволство. 

И уште еден совет, наместо обични, ставете во домот штедливи светилки, кои иако се поскапи ќе заштедат енергија и тоа ќе се почувствува на вашиот семеен буџет.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови