(Фото) Компанијата ИТД Дистрибуција прослави 10 години од постоењето

Компанијата ИТД Дистрибуција ја прослави десетгодишнината од своето постоење во Македонија.  

Својата јубилејна годишнина, компанијата заедно со вработените и долгогодишните партнери и соработници од земјата и од странство ја одбележа со свеченост организирана по тој повод изминатиот петок (03.02.2017)  во SkyBar Хотел Русија.

„Во изминатите десет години компанијата интензивно растеше и се развиваше на што денес сум посебно горд. Успеавме да создадеме компанија и бренд кој постојано воведува иновации, кој инвестира и отвора нови работни места.

Благодарение на ИТД денес на македонскиот пазар е достапна најдобрата ИТ опрема од најголемите светски производители. Посебно им благодарам на главните “виновници” за големиот успех на ИТД, нашите вработени кои со својата посветеност, ефикасност и напорна работа секојдневно допринесуваат за постојан развој и квалитетна работа ”, изјави Ајри Шеј, генерален менаџер на ИТД Дистрибуција.

ИТД Дистрибуција е водечки бренд во државава за увоз на технолошки производи и компјутерска опрема. Својот одржлив раст во изминатава деценија, менаџментот на компанијата го поистоветува со напорна работа, упорност и во добри и тешки времиња, лојален и посветен тим, квалитет и етика во работата.

Токму постојаниот раст допринесе ИТД Дистрибуција секоја година да обезбедува нови работни места и проширување на партнерската мрежа.  

Успешното десет годишно опстојување на ИТД Дистрибуција во земјата е постигнато со квалитетното менаџирање на компанијата која нуди врвна услуга за своите клиенти, а доказ за тоа е и забележаниот раст во услови на глобално економските предизвици.

Фокусирани постојано на навремена дистрибуција, квалитетни односи со партнерите, висока бизнис етика, професионалност и беспрекорна логистичка поддршка, вработените и менаџментот изградија високо препознатлив квалитетен бренд.

Компанијата ИТД Дистрибуција е основана во 2007 година, како дел од групацијата Инфософт Груп и многу брзо прераснува во водечка компанија за дистрибуција на ИТ опрема на македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција е овластен дистрибутер за светски познатите брендови како што се Dell, HP, Lenovo, IBM, Fujitsu, Genius, GigaByte, TP Link, A-Data, Fabriano и други, за пазарот во Македонија, Албанија и Косово.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови