Што да правите во деновите кога работата едноставно не ви оди

385 Views Февруари 8, 2017 Office Камелија Делија

Има денови кога сте уморни. Сепак станувате од кревет, се облекувате се и тргнувате на работа. Седите зад бирото. По неколку минути, а можеби и час-два сте целосно убедени дека работата не Ви оди.

Што да правите во овој случај?

1.Се откажувате
Дозволете си краток одмор од 15-минути. Променете го за некое време размислувањето. Фокусирајте се на полесни задачи кои можете да ги завршите, без непотребно да правите напор.

2. Раздвижете се 
Долгото седење во канцеларија не е здраво ниту за физичките, ниту за умствените можности.Раздвижете се и направете неколку вежби за растегање. Направете прошетка околу зградата, и за кратко време ќе се чуствувате подобро.

3. Поразговарајте со колегите
Малку муабети за малите нешта од животот ќе Ви се одрази добро. Најдете си соодветен соговорник и седнете на кафе. Вие не сте робот. Не може да функционирате како робот. Затоа разговорите се одлично средство за надополнување и наоѓање на мотивација.

4. За време на паузата за ручек отидете на прошетка низ продавниците, на фризер, на масажа
На овој начин сигурно ќе стимулирате позитивно расположение. Кратка масажа, нова фризура, или пак долга прошетка низ продавниците - секогаш има од што да се инспирира.

5. Земете одмор
Штом работата не Ви оди, зошто да се напрегате излишно. Притоа голема е веројатноста да не сте задоволни со резултатите кои сте ги постигнале. Земете одмор еден ден и вратете се следниот ден.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!

Најчитани вести