Kомпанијата „Новако“ осум години ги носи светските трендови во Македонија

Лидерот во производство и продажба на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авио мостови и други транспортни и индустриски системи во Македонија, „Новако“, член на светски водечката групација ThyssenKrupp, оваа година го прославува својот 8-ми роденден.

Според сопственикот на „Новако“, Љупчо Грујовски, македонските компании го препознаваат квалитетот на компанијата и светските трендови кои ги имплементира на нашиот пазар.

„Нѝ претставува голема чест и задоволство да кажеме дека оваа година славиме осум години од нашето постоење на македонскиот пазар. За релативно краток временски период успеавме да се позиционираме како лидери во Македонија и да започнеме со работа и на регионалните пазари како Србија и Косово, кадешто сме и официјални застапници за ThyssennKrupp. Она кое што најмногу нè радува како компанија е тоа што успеавме да наметнеме квалитет и силна политика на безбедност, кој компаниите го препознаа и го ставија во своите приоритети" - изјави Грујовски.

Што се однесува до идните планови,визијата на компанијата е зацврстување на позицијата во Македонија и регионот, како и континуирано ширење и имплементација на новитети од индустријата.  

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести