Собирајте пластични капачиња и донирајте ги, за да се добие една инвалидска количка

„Едно капаче - Една надеж" е хуманитарно-еколошка акција чија главна и единствена цел е да се собираат што е можно повеќе пластични капачиња.

Капачињата се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ја донираат на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.

Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација - ММСА. Потребни им се компании и волонтери кои со минимална посветеност би помогнале многу.

- Имаме потреба од фирми, претпријатија, продавници, училишта, ресторанти.... кои ќе се вклучат во акцијата и каде луѓето би можеле да ги достават собраните капачиња.Се што треба да направите е да поставите соодветна кутија и да ни испратите известување на која локација (фирма) има нов пункт, каде луѓето можат (привремено) да ги достават капачињата – се вели на страницата на „Фејсбук“ на „Едно капаче - Една надеж".

Оттаму велат дека исто така имаат потреба од волонтери кои се заинтересирани да се вклучат во тимот

- Ве молиме сите кои сте заинтересирани да ни помогнете при реализација на оваа акција да ни напишете во инбокс . Добиваме се повеќе капачиња и имаме потреба од луѓе кои би ни помогнале при организација и (по можност) транспорт на капачињата – се вели во нивниот апел.

За локациите каде што моментно има поставено пунктови можете да се информирате ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови