Како среде зима да отпатувате на Карибите за 400 евра

6304 Views Февруари 8, 2017 Прошетај се Никола Осило

Македонските граѓани се навикнати да одат на летување во летните месеци, но има и такви кои тажното магливо и загадено време во Скопје и останатиот дел од Македонија го користат да заминат на егзотично место какво што во овој период од годината е Домениканската Република.

Со евтините летови до европските дестинации ваквите патувања стануваат полесни и поевтини отколку порано. Така, во февруари и март во зависност од понудата и интересот до Брисел може да се стигне од Скопскиот аеродром по цени и пониски од 100 евра.

Според сајтот fly4free од Брисел до Домениканската Република има редовни летови по цени до 300 евра.

Според сајтот rough guides сместување во најекспонираните туристички места може да се најде за 40 долари, додека во „поинтимните“ локации може да се најде до 20 долари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести