(ВИДЕО) Осумдесет и шест годишен скопјанец може да остане на улица

Ако некој не му помогне на скопјанецот Димитар Христов (86) наскоро може да остане на улица, објави телевизијата Канал 5.

Пред два месеца починала жена му, а месец потоа и 46 годишниот болен син. Диме треба за помалку од месец да се исели од станот, каде живее под кирија, бидејќи нема пари да ги плати долговите.

За две децении продал се, земал кредит за лекување на синот. Месечно живее со седум илјади денари, тие пари му се за кирија, сметки, храна.

„Една соба, дом нешто за живот, имам само толку пари. За храна пријатели соседи ми помагаат и толку“, раскажува Христов за Канал 5.

По професија бил новинар во весникот „Дневник“. Најсреќен бил кога со текстовите во весникот ги менувал судбините на луѓето на подобро.

„Никогаш не верував дека до овде ќе стигнам, за мене да пишуваат. Како новинар секаде помагав со приказните“, вели Христов.

Извор/видео: Канал 5

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести